слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 166.593 статии на македонски јазик и 320 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 17 ноември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1558  На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.
1913  Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
1984  Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада.
1989  Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција.
1991  Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
1991  Основана Европската ракометна федерација (ЕХФ).
2006  Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.
2008  Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.

Родени:

9  Веспазијан — римски цар.
1291  Филип V — француски крал.
1755  Луј XVIII — француски крал.
1773  Витез Михај Чоконаи — унгарски поет.
1790  Август Фердинанд Мебиус — германски математичар, творец на Мебиусовата лента.
1887  Бернард Монтгомери — британски генерал.
1895  Кирил Преславски — бугарски кнез.
1925  Рок Хадсон — американски глумец.
1928  Звонимир Лепетиќ — хрватски и југословенски глумец.
1929  Ранко Жеравица — српски и југословенски кошаркарски тренер.
1930  Драгослав Михаиловиќ — српски писател и академик.
1937  Питер Кук — англиски глумец.
1942  Мартин Скорсезе — американски режисер.
1944  Џин Кларк — американски рок-музичар, член на групата „Бердс“ (Byrds).
1944  Дени Девито — американски глумец.
1945  Срѓан Карановиќ — српски и југословенски режисер.
1963  Дилан Волш — американски глумец.
1966  Џеф Бакли — американски рок-музичар.
1966  Софи Марсо — француска глумица.
1971  Мајкл Адамс — англиски шаховски велемајстор.
1979  Микел Астарлоса — шпански велосипедист.
1980  Михаил Чипурин — руски ракометар.
1983  Кристофер Паолини — американски романописец.
1986  Нани — португалски фудбалер.
1989  Енрико Батаљин — италијански велосипедист.

Починале:

375  Валентинијан I — римски цар.
474  Лав II — византиски цар.
1558  Марија I — кралица на Англија.
1796  Катерина II — царица на Русија.
1858  Роберт Овен — англиски социјалист.
1917  Огист Роден — француски вајар.
1947  Виктор Серге — француски анархист.
2001  Михаел Кароли — германски рок-музичар.
2006  Ференц Пушкаш — унгарски фудбалер.
2021  Јанг Долф — американски рапер.

Празници:

*  Светски ден на непушењето
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Фотографското дело „Трилогија, Разиграни вештерки“, направено со фотографирање на складиштето на пловки во Нордернај, северна Германија).
Дали сте знаеле...


Четири едноотворни животни
Четири едноотворни животни


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 166.593 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич