слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 166.693 статии на македонски јазик и 331 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 20 ноември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1959  Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
1959  Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
1970  Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
1991  Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година.
1993  Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица .
1995  Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната хелсиншка федерација.
2001  Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа.

Родени:

270  Максимин Даја — римски цар.
1851  Маргарита Савојска — кралица на Италија.
1761  Пиј VIII — римски папа.
1902  Назим Хикмет — турски поет.
1902  Џанпјеро Комби — италијански фудбалер.
1906  Живко Фирфов — македонски етномузиколог, педагог — диригент и музички деец.
1916  Васил Куноски — македонски поет за деца.
1924  Беноа Манделброт — француско-американски математичар, познат изучувач на фракталите († 2010)
1925  Маја Плисецкаја — руска и советска балерина.
1925  Роберт Кенеди — американски политичар.
1938  Тома Здравковиќ — српски фолк-пејач.
1939  Игор Мандиќ — хрватски писател, есеист и критичар.
1945  Патријарх Кирил — патријарх на Руската православна црква.
1946  Дјуан Алман - американски рок-гитарист.
1953  Халид Бешлиќ — босански фолк-пејач.
1976  Горан Станковски — македонски фудбалер.
1979  Бојана Поповиќ — црногорска ракометарка.
1979  Арпад Штербик — српски и шпански ракометар.
1989  Дмитри Житников — руски ракометар.
1990  Лука Степанчиќ —хрватски ракометар.
1996  Денис Закарија — швајцарски фудбалер.
1998  Никола Чумиќ — српски фудбалер.

Починале:

1316  Јован II — крал на Франција.
1865  Франческо Маноел да Силва — познат бразилски композитор.
1894  Антон Григорјевич Рубинштајн — руски клавирски виртуоз и композитор — основач на конзерваториумот во Петроград.
1910  Лав Николаевич Толстој — руски писател и општествен реформатор.
1925  Александра Данска — кралица на Обединетото Кралство.
1944  Јован М. Алексоски — македонски партизан.
1947  Волфганг Борхерт — германски поет.
1975  Франсиско Франко — шпански диктатор.
1978  Џорџо де Кирико — италијански сликар.
2000  Вјачеслав Котјоночкин — руски режисер и аниматор.
2006  Роберт Алтман — американски филмски режисер.
2021  Мерима Његомир — српска фолк-пејачка.
2024  Методија Стојков — македонски универзитетски професор.
2025  Мани — англиски рок-музичар, член на групите Стоун Роузис (Stone Roses) и Прајмал Скрим (Primal Scream).

Празници:

Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Патека од Андијаст за Бројл-Бригелс, Швајцарија.
Дали сте знаеле...


Четири едноотворни животни
Четири едноотворни животни


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 166.693 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич